Во втората недела од светиот и велик пост посветена на Свети Григориј Палама, во храмот Св. Кирил и Методиј-Параклис во Прилеп, се служеше света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, а, сослужуваше неговото преосвештенство епископот Велички Никола, протоереј Дејан Секулоски, протоереј Веле Спиркоски, протоѓакон Драган Ѓорѓиевски, ѓакон Димитар Поп Атанасив и монахот Јоаким кој беше ракоположен во ѓаконски чин, сега ероѓакон Јоаким.
„Свештен и божествен органу на Премудроста, светла трубо на богословието, согласно те воспеваме, Григорие Богопроповедниче; но, како ум којшто стоиш пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме: Радувај се, проповедниче на благодатта“ (кондак на свети Григориј Палама).