Под мотото “Почувствувај редост” околу 200 дечиња денеска во Прилеп учествуваа во традиционалната Бадникова поворка и го најавија Христовото раѓање – Божик.
Поворката започна во 10 часот пред Камената бина во центарот на Прилеп, каде градоначалникот на општината, Борче Јовчески, ги даруваше дечињата со коледарски колетчиња.
Откако ги отпеаја “Вечниот Бог”, “Тропар на Рожденство Христово” и “Кондак на Рожденство Христово”, дечињата се упатија кон градскиот плоштад во Прилеп и убаво ја развеселија целата Стара чаршија.
Поворката заврши во црквата Св. Петка, каде дечињата одново пееја и пренесоа радост и среќа. За многу години!