Преубава атмосфера и толпа од народ вечерва на полјанката во Хром за филмот “Те дуа, жими мене” – напиша на ФБ градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
-Жителите на Ѓорче Петров се желни за културни настани, кои се можност за убава дружба и релаксација. Ме радува тоа што филмскиот караван ги исполни моите очекувања и ни даде зелено светло да продолжиме со овој проект. Да гледаме македонски филмови и да ги чуваме и почитуваме културните вредности. Се гледаме многу наскоро со нови филмски проекции и на многу други локации – стои во објавата од Стојкоски.
Една убава идеја која сигурно би била добредојдена и кај младите во другите општини!