Илинденската коњанинца денеска попладне пристигна во Кичево, а кичевчани ги пречекаа со песната “Ja излези Ѓурѓо”, додека во позадина грмеа црковните камбани.
Традиционално секоја година, неколку групи на коњаници ја крстосуваат Македонија. Тие ќе се сретнат и ќе бидат дел од одбележувањето на Илинден во Крушево.