Полицијата уапси 27-годишен прилепчанец – се обидел да изврши полово дејствие врз малолетничка.
На 15.04.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Џ.(27) од Прилеп затоа што се обидел да изврши полово дејствие врз малолетничка од Прилеп.
Лицето било задржано во Полициска станица и по координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.