Уапсен пратеникот кој повика на воен удар за Договорот за името

Пратеникот на ултра-десничарската партија „Златна зора“ Констанинос Барбарусис е уапсен по повикот за воен удар за време на дебатата во грчкиот парламент за доверба на владата на Ципрас.

– „ Почна распарчувањето на Грција. Затоа што раководството на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за свои сопствени интереси, го повикувам воениот врв во земјата да ја почитуваат заклетвата која ја имаат дадено и да го уапсат премиерот Ципрас, министерот за одбрана Каменос и претседателот на државата Павлопулос, за да се спречи ова предавство“ рече Барбариус.

Како што соопшти Обвинителството, на правосудните органи не им треба дозвола од парламентот да го укинат пратеничкиот имунитет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.