-На 09.11.2025 во 15.45 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, при преземање мерки во сообраќајот со радар, полициски службеници од ОВР Прилеп констатирале дека Н.Ц.(40) од с.Кошино, општина Долнени, управувал патничко возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки со брзина од 104 километри на час во населено место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 километри на час – информираат од МВР.
























