Уапсени тројца битолчани! Во прилепско возило превезувале пушки, куршуми, делови за оружје…кои потекнуваат од кривично дело

-На 11.11.2024 во 18.45 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(35), И.П.(32) и Ф.К.(39), сите од Битола.

При преглед на патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ф.К., биле пронајдени и одземени две пушки, околу 50 куршуми со различен калибар, како и делови за оружје и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата се приведени во Полициска станица Битола и по документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.