Припадници на МВР Србија, Антитерористичката група на Специјалната полициска единица, денеска лоцираа и уапсија тројца припадници на косовската полиција, далеку во длабочината на територијата на централна Србија.
Со брза и ефикасна акција на српската полиција, успешно беше спречен обидот на косовската полиција да врши активности на територијата на централна Србија, што по сите параметри е терористички акт со цел дополнителна дестабилизација и ескалација на конфликтот. насочени против Република Србија, пишува Курир.