На 30.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул “Леринска”во Битола го лишиле од слобода Н.П.(43) од Битола, а на ул”Генерал Васко Карангелевски” лишен од слобода е Е. Р.(38) од Битола.
Имено, на (30.06.) во СВР Битола З. С.(56)од Битола пријавил дека пред Домот на културата во Битола, Н.П и Е Р со употреба на остар предмет му упатиле сериозни закани по живот него и на неговата фамилија. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.