Тyтyнapите попyштиja, ама оризарите НЕ! Хpaбpo и сложно излегоа на протecт

Оризопроизводителите од Облешево утринава протестираат со својата земјоделска механизација која помина по магистралниот пат од Облешево до Тркање и назад.

Со протестот тие го изразуваат незадоволството од политиките на власта во областа на земјоделието особено во оризопроизводството.

Земјоделците особено се незадоволни од откупните цени на оризот есеноска кои се движеа помеѓу 15 и 20 денари за килограм арпа во услови кога производната цена изнесув 18 денари за килограм.

Тутунарите после вчерашната средба со министерот за земјоделие Хоџа, протестите ги ставија во мирување до наредниот петок, за кога е закажана нова средба.

Дотогаш ќе се следи ситуацијата на откупните пунктови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.