Тyтyнapите ги “преплавија” општината и комбинатот: Никој, па ни градоначалникот не излезе да ја слушне нивната мака (Видео)

Протестите на тутунопроизводители незадоволени од просечната откупна цена, продолжија и денеска во Прилеп.

Голем број производители на македонското жолто злато од општинската зграда се упатија пред Тутунскиот Комбинат, каде ги повторија барањата од вчера.

Тие бараат комбинатот и другите откупувачи реално да го ценат тутунот и велат дека производството воопшто не е полошо од тоа од минатата година.

Тутунарите велат дека не ги интересира политика и дека зад нив не стои ниту една политичка партија, туку дека си го бараат она што им приѓа – реално вреднување на нивниот труд и мака.

Тие повикаа на итна средба со властите и најавија нов протест во среда и блокирање на патниот правец кон Плетвар.

Протести денеска имаше и во неколку други градови низ државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.