Младата музичка група Two of a Kind, се наши дечки од Прилеп, кои функционираат од 2013 година заедно. Интересниот состав кој го имаат создадено Марио Ангелески (вокал) и Давид Јакимов (пијано), до сега изработуваше и изведуваше преработки на песни. Веќе излезе нивниот прв сингл насловен како Going crazy, чиј текст и музика се нивен личен производ, а продукцијата е на RickBeatZ од раперското дуо Tha Titanium. Се работи за интересна композиција која веруваме дека ќе ви се допадне и ќе ги привлече вашите симпатии за оваа музичка група. Ни кажаа уште, дека имаат напишано уште неколку песни, кои со нетрпение ќе ги очекуваме во блиска иднина.
Од нашиот веб портал ја имаат целосната поддршка во иднина, веруваме дека ќе прераснат во врвни музичари и дека ќе претставуваат одлично освежување на музичката сцена.