Како дел од програмата за одбележување на денот на народното востание, 11-Октомври, денеска во централното градско подрачје на Прилеп се организираше и изложба на автомобили насловена како “Тuning Car Show”.
Прилепчани имаа можност да уживаат во глетката и да се фотографираат со страшните “ѕверови” .