Тутунот достигнува рекордни откупни цени – Во тек е исплатата за откупеното грозје

slika

Во екот на откупната сезона, тутунот достигна рекордно висока цена. Тутунарите во просек добиваат по 190 денари за килограм а на некои места просечната цена се движи и над 200 денари. Во игра се 8 откупувачи, а уште две компании ќе се приклучат најдоцна за 5 дена.

Годинашната реколта е со одличен квалитет. Според последните информации досега се откупени над 30 отсто од родот. Со досегашната динамика производителите  очекуваат откупот на жолтото злато предвреме да заврши  иако рокот е до 15 ти март.

За споредба лани просечната цена по која се откупуваше тутунот беше 184 денари, а во 2014 120.

Милески информираше дека исплатата се врши редовно, на 3 до 7 дена. Посочи дека поради високата цена расте и интересот и кај младите змјоделци да ја одгледуваат оваа култура. Очекувањата се дека годинава ќе се откупат околу 20 000 тони.

Во тек е и исплатата на лозарите за откупеното грозје годинава. Дел од нив ја добија првата рата во износ од 20 отсто од вредноста. Останатите, парите ќе ги добијат неделава кога истекува законскиот рок. Тие очекуваат винариите да го испочитуваат законот и да ги исплатат за да можат да почнат со подготовките за следната сезона.

Следната рата требе да биде исплатена до крајот на февруари. Оние винарии кои нема да го испочитуваат Законот ќе се соочат со парични казни, и бришење од Регистерот.

Проекциите за годинашниов откуп на грозје се движат до 180 милиони килограми.

Извор: СИТЕЛ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.