Невремето кое во вторникот зафати повеќе населени места од Прилепско, зад себе остави катастрофални последици.
Огромни се штетите на земјоделските површини во атарот на селата Мало и Големо Коњари, Кадино Село, Галичани, населбата Варош и повеќе други населени места.
Сепак, најголеми се штетите во Мало и Големо Коњари, каде штетите кои ги предизвика поројниот град со големина на орев се 100%.
Општинските власти и Министерството за земјоделство се на потег! Егзистенцијата на овие семејства зависи од нив!