Тутунарите добија ветување на жими мајка: Нова средба по Нова година

После неколкуте средби со министерот за земјоделие и откупувачите во општина Прилеп и после добиените така наречени писмени гаранции, откупот на тутунот продолжи по старо, без реално вреднување на трудот и маката на тутунопроизводителите.

Денеска претставниците на Иницијативниот одбор во Владата одржаа средба со премиерот Зоран Заев, а на средбата одново беше присутен и министерот Аријанит Хоџа.

Тутунарите добија нови ветувања

Според она што го дознаваме, Заев им рекол дека откупната цена не може да биди во просек 200 денари, но ќе достигнела од 180-190 денари.

После Нова година ќе се одржела нова средба на која ќе се разговарало за укинување на четвртата класа при проценката.

За промени на Законот за тутун ќе се разговара исто така идната година, а идните можни промени би се применувле од идната реколта.

На претствниците од Иницијативниот одбор ќе им било овозможено да бидат членови на второстепената комисија.

Оваа точка е исто така речиси невозможна за оваа откупна реколта, со оглед на тоа дека за да се членува во оваа комисија потребно е да се поседува лиценца која ја издава Министерството за земјоделство врз основа на положен стручен испит.

Како ќе се одвива откупот во наредните денови останува да видиме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.