Горан Трајков, нашинец кој живее во Шведска на Фејсбук објави фотографија на која се гледа прва класа македонска пиперка капија на пазарот во Малме.
Цената е 17,95 шведски круни, или нешто над 106 македонски денари за килограм, а во описот пишува Македонска паприка 1 класа.
Продавачот на тезгата бил Турчин по националност, а кога Горан зборувал со него, тој му рекол дека не смее да напише “северна” затоа што така не би продал ниту еден килограм.
“Се е кажано, се е до свеста”, напиша Горан на фотографијата.