Турција – 140км автопат за 3 години, 100 мостови, 74 подвозници… Македонија – 3 години се градат 2км од Скопје до Блаце (ФОТО)

ФБ статус на Сенад Арслан

-Во Турција за само 3 години се изгради новиот автопат Ајдин – Денизли во должина од 140 km со дополнителни 23 km приклучни патишта. Првата етапа од 90 km за сообраќај беше пуштена вчера, а веќе во март следната година целиот автопат ќе биде во функција. Дополнително се изградени 19 клучки, 19 вијадукти, 100 мостови, 74 подвозници и 5 технички станици, а патувањето се скртува за 1 час.

🇲🇰 Во Македонија за исто толку време се гради автопатот Скопје – Блаце во должина од дури 2 km. Автопатот Охрид – Кичево подобро да не го спомнуваме. 3 пати пократок од автопатот Ајдин – Дензли, а се гради 3 пати подолго време, без да се наѕира крајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.