Триесетина турски бизнисмени од Измир, Република Турција, од 17 различни сектори (градежништво, текстил, металургија, рударството, мермер и руда, производство на храна…), кои присуствуваат на меѓународната конференција “Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион”, во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, во вториот работен ден од својата работна посета во Р.Македонија, го посетија и Прилеп. Имаа средба со градоначалникот, Марјан Ристески, како и со општинскиот тим на ЛЕР и одделенито за управување со недвижен имот, а остврија средби и со бизнисмени од прилепски компании. При оваа средба градоначалникот ги запозна гостите со можностите кои Прилеп ги нуди за инвестирање во ТИРЗ, можноста за соработка со прилепскиот бизнис сектор и со условите и можностите, кој овој град ги нуди за бизнис соработка со странски и домашни инвеститори. Во рамките на овие бизнис средби за унапредување на економскиот развој и изнаоѓање заедничка соработка, турските бизнисмени од Измир, во Прилеп, ја посетија и текстилната компанијата „Комфи Ангел“, при што се запознаа со менаџерскиот тим, организацијата на работа на компанијата и со нејзиното производство.