Советникот Нефи Усеини на прес-конференција кажа дека пред да се одржат локалните избори во 2017 година, тој и Томислав Тунтев од СДСМ направиле писмен договор за вработувања во Општина Охрид и јавните претпријатија. Советникот вели дека тоа е нормално во политиката, но и дека станува збор за законска работа, која и без договор требало да биде направена – oбјави “Скопје 1”.
Договорот бил склучен и писмено, а потписи имале двете страни. За ова биле известени и Ахмети, но и Заев. СДСМ од Усеини требало да добие гласови за покојниот градоначалник Јован Стојановски да победи на изборите.
„Република Северна Македонија не е на Македонците туку на сите кои живеат во неа“, смета Усеини и додава:
„Пред изборите со покојниот градоначалик Јован Стојановски и господинот Томислав Тунтев имавме партиски договор, како и сите. Во секое јавно претпријатие, како „Нискоградба“ „Проаква“ „Градски пазар“, во Општина Охрид да се вработат Албанци, Турци, Египќани. И без овој договор ќе требаше да се исполнат овие места, бидејќи не може во ниту една институција да нема Албанец. Тоа е незаконски. Од 500 луѓе во Општината, има само двајца Албанци. Во политиката има договор за вработување, а не за градба“.
Извор: “Скопје 1”