Во пресрет на последното гласање на уставните амандмани, со кои треба да се имплементира Преспанскиот договор и да се деблокираат евроатланските интеграции на земјава, координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев се повлече од парламентот.
Тунтев се сели во Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на негово место во собраниската фотелја треба да седне Рубин Земон.
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на денешната пленарна седница ја констатира оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
На новото работно место во АЦВП, пак, тој треба да зема плата од околу 2.000 евра, која е речиси двојно поголема од пратеничката плата, без патни трошоци, кои во изминатиов период беа редуцирани – пренесува “Фокус”.
Новиот ангажман на Тунтев го прокоментираа и твитерџиите:
Си лапаше илјадници € за патни трошоци а има стан во Скопје.
Си буткаше закон за ПУШЕЊЕ да упропасти цели генерации.
Сега, си даде оставка и се УХЛЕБИ во најплатената државна агенција во МК – АЦВПТомислав Тунтев. СЕЛСКО КОПИТО заради кое @SDSMakedonija си губите поени! pic.twitter.com/iF2RxrgZZx
— Чорбаџи Ја (@CorbadziJa) January 9, 2019