Трoгателно обраќање на легендата на ФК “Победа” Николче Здравески

Легендата на прилепска Победа, голгетерот и миленик на публиката, Николче Здравески со трогателен Фејсбук статус

“Taжен ден за прилепскиот фудбал. Ех до каде дојде работата… Колективот да е помалку важен од некојси поединец. Колектив кој е од народот, на кој и старо и младо му ја полни, радува или растажува душата. Победа е бренд кој што не згаснува, секогаш како феникс ќе излези од пепелта кога и да е. Но, вас ќе ни остани срамот, грижата на совеста вас, кој воопшто не се потрудивте да и’ помогнете на било каков начин, и тоа поради некој кој бил на раководна функција во клубот. Срамота и гревота!

Па луѓе, да и’ помогневте сам ќе си заминеше. А да ве прашам вас кој допрва ќе грабите фотељи директорски, кој работите по 3/4 фамилијарни бизниси, и кој имате по неколку фамилијарни државни вработувања, уште кучето и мачето не ви се вработени преку партиите кој што ги претставувате, дали некогаш ќе ви биди гајле за некој друг, во случајов најголемиот спортски бренд Победа Прилеп?

Не сигурно не ви е и нема да ви биди, ама ко че дојди тендерче, тогаш очите че си ги извадите да приберите уште некоја материјална корист.

И ова не е наменето за една или друга партија на власт, важи и за двете, никој со прст не мрдна да ја имаме Победа онаму каде што и’ е местото. Првите ставија функционери, но за жал тие не играат фудбал. А вторите пак не даваа помош, оти првите ги ставија функционерите, па сега нека се давеле сами.

Жалосно, ама вистинито. Нека им е срам на сите кои допринесоа за овој срам. Спортски поздрав до многу истомисленици, кои не собраа храброст да го искажат својот револт. ФК Победа Прилеп била и ќе биди!

П.С. Кармата е опасна работа”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.