Центарот за поддршка на учењето во OOУ “Климент Охридски” Прилеп, од денеска е збогатен и опремен со нова и современа асистивна технологија.
-Оваа донација е “плод” на учеството и соработката на нашето училиште во рамките на проектот “Инклузија на деца со посебни образовни потреби” под покровителство на Здружението за асистивна технологија “Отворете ги прозорците”, а финансиски поддржан од Детската фондација Песталоци. Да го направиме образованието пристапно и достапно за секој ученик” – тоа е нашата заедничка цел, истакна директорот на училиштето Ахил Јаков.