Трпезата насловена како “Во светот на музиката” на Марина Николоска и го донесе приматот вешта жена на Прилеп (Фото)

Марина Николоска е победничката на манифестацијата Вешта жена 2020-21 која заради пандемијата со коронавирусот се одржа онлјан. Лајковите и овозможија да оди на државен натпревар.

Меѓу прилепчанки победила со масата насловена “Во светот на музиката”. Главно јадење биле пилешки копани, гарнирани со златна мешавина и пире. Торта се викала Фантазија, а направила и Љубовна погача.

Традиционалната манифестација лани поради епидемијата со Ковид 19 беше прекината. Но, вештите жени не застануваат и изборот го направија онлајн за 2020-21.

На ФБ се гласаше и се споделуваа линкови од повеќе админситратори за да се дојде до глас повеќе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.