Тројца ракометари го кажаа судбоносното „ДА“ во исти ден- ракометарите на маки каде да присуствуваат на свадба (ФОТО)

Тројца македонски репрезентативци вчера го кажаа судбоносното „ДА“. Откако минатата година Филип Талески и неговата поубава половина Ена направија веридба, а потоа станаа родители на Софиа, денеска направија свадбена веселба на која присуствуваа дел од ракометарите.

Непланирано во ист ден на „лудиот камен“ стапнаа и Веле Марковски и Дарко Димитриоски.

Се чини на најголема мака се нивните сегашни и поранешни соиграчи, навистина е тешко да одберат на која свадбена церемонија да присуствуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.