Прилепчаните кои со велосипеди патуваа од Прилеп до Истанбул денеска направија уште еден голем подвиг.
Филип Илиоски и Христијан Мојсоски, другарите кои ги паметиме од нивната исцрпувачка авантура, кога со велосипеди за само 5 дена стигнаа од Прилеп до Босфорот во Истанбул, денеска заедно со Милан Јаковоски се искачија на врвот Митикас на планината Олимп во Грција.
Тојцата прилепчани планината во висина од 2918 метри ја совладаа за 6 и пол часа тргнувајќи од 1100 метри надморска височина.
Целата тура вкупно траела 11 часа, а за Маркукуле тие велат дека планината не е воопшто за потценување и е навистина тежок залак.
“Особено е тешко пред самиот врв Митикас каде што се применува алпинизам по ронливи камења. Претходно ја имаме искачено Мусала, највисокиот врв на Балканот, а како следен предизвик ни е Триглав”, вели Филип.
За потсетување, Филип, Христијан и Милан се дел од Здружението “Маркови точакџии” од Прилеп.