Речиси тројно е зголемено нивото на реката Црна кај Новаци во споредба со просекот за август, а Вардар кај Јегуновце и кај Зајчев Рид покажува повеќе од двојно покачување.
Според денешните хидролошки мерења на УХМР, Вардар бележи покачување и кај Велес, како и кај Демир Капија.
Зголемувања на водостоите се измерени и на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања и на Брегалница кај Штип.
УХМР евидентира и намалувања, на Крива Река кај Крива Паланка и на Брегалница кај Берово.
Од езерата, отстапка од августовскиот просек има кај Дојранското кое е девет сантиметри под договорениот максимален водостој.