Трошоците во Германија: Еве колку пари ви се потребни за почеток

Секој што ќе реши да замине во странство, првото нешто што го интересира се трошоците. Станот, храната, сметките, автомобилот и сите други животни потреби се ставени на листата.

Колку пари навистина се потребни? Дамир Ленарт веќе 5 години живее во градот Баден-Баден, во јужна Германија, во близина на француската граница.

Тој често на Интернет објавува снимки од животот и работата во Германија, па неговите информации можат да бидат корисни за сите оние кои се подготвуваат да заминат.

Најпрво, на почетокот наведува дека е важно во кој град живееш, ако го избереш Минхен или некој поголем град, тогаш трошоците се поголеми, но и платите се поголеми. Спротивно на тоа, во средина на државата каде што трошоците се помали, платите се помали.

Неодамна објави видео за трошоците за живот во Германија и наведе точно какви трошоци ве очекуваат кога ќе се вселите, напоменувајќи дека цените се однесуваат на местото Баден-Баден каде што живее:

„Првата ставка е стан. Кога ќе дојдеш во Германија, трособен стан за едно семејство без парно е околу 700 евра, уште 200 евра за комуналии. Треба да платиш 3 кирии однапред, вкупно 2.100 евра, за да влезеш во станот. Вкупно доаѓа до 3.000 евра, тие пари треба да ги имаш во џеб при влегување во станот. Потоа треба да донесеш мебел, тоа е друга цена“, започнува Дамир и додава дека станот се наоѓа преку познаници и групи на социјалните мрежи, бидејќи е многу тешко да се дојде до него, поради големата побарувачка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.