Додека нивниот градоначалник промовира знаме на кое што се помешени сончевите зраци од сонцето од Кутлеш со орел а во парламентот се случува национален срам со низа чекори на политичарите, во општина Теарце се пее песна за тоа дека е чест да си Македонец и се снима спот на истата тема – oбјави порталот “Експрес.мк”.
„Да си вечна земјо моја“ – темата со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на годинешниот „Лешочки фолк фест 2018“, доби свој автентичен видеозапис, а спотот деновиве беше промовиран и пуштен на јутјуб и во етер.
Песната е дело на вокалното трио „Кладенец“ оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на КУД “Кирил Пејчиновиќ” Теарце.
Триото „Кладенец“ го сочинуваат и Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, кои негувајќи ги изворните македонски песни, придонесуваат во зачувување на традиционалните вредности на Република Македонија меѓу кои негувањето на изворниот фолклор е главна една од главните цели.
Музиката и аранжманот на песната се напишани од Јован Василевски, тексот е на Мирослав Гавровски, а покрај вокалното трио „Кладенец“ во видеото се појавуват како артисти Иван Божиновски и групата „Сербез“.
Уживајте во оваа прекрасна мелодија во продолжение: