Изминатиот викенд на 13 и 14 ноември на спортскиот аеродром во село Сарандиново, општина Долнени, се одржа Државениот шампионат во “Авто-Слалом 2021”.
Вљубениците во автомобилизмот имаа одлична можност да уживаат во една одлична организација и врвно адреналинско искуство.
Меѓу најдобрите поединци на настанот беше Драган Стефаноски од долненско Ропотово, кој се закити со три први места и едно второ место.
Ова беше прва трка за него, а на натпреварот возеше “Пежо 206” од 1600 кубици.
Честитки до Драган и до сите освојувачи на медали на овој прекрасен спортски настан.