Како и секоја година, и оваа, прилепската компанија и македонски гигант во прехрамбената индустрија, АД Витаминка ги собра своите партнери и соработници на Регионална средба, оваа година во Сараево.
-Разменивме искуства, поставивме нови цели и ја потврдивме нашата амбиција – уште поголем успех за брендовите на „Витаминка“ во регионот. Преку овие состаноци, вложуваме во меѓусебна доверба, во заеднички успеси, стабилноста и континуиран напредок. Енергијата што ја понесовме од Сараево е поттик за уште посилна и поуспешна „Витаминка“ во периодот што следи – напишаа од компанијата.