Ученик од Скопје доживеал тешко врсничко насилство за време на екскурзија во Охрид. Неговите соученици три дена го злоставувале – го тепале, го допирале по телото и го навредувале.
За случајот да биде уште потрагичен, ученикот и претходно бил малтретиран од истите насилници.
Насилството врз детето се случило пред три недели, а неговиот татко го пријавил во полиција вчера.
„На 28.10.2024 во 16 часот во СВР Скопје, Е.Ш.(61) од Скопје пријавил дека во временскиот период од 7 до 9.10.2024 година, додека биле на екскурзија во Охрид, неговиот малолетен син од неколку негови малолетни соученици бил допиран по телото и вербално и физички бил малтретиран. Според пријавеното и претходно бил малтретиран од истите соученици“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.