Три девојки од Прилеп ќе ги бранат боите на Македонија на младинското Европско првенство во ракомет

Младинската женска ракометна селекција вчера отпатува за Црна Гора, каде што ќе настапи на Европското првенство.

Пред почетокот на шампионатот, нашите младинки синоќа одиграа пријателска средба со селекцијата на Косово и триумфираа со 30-20.

Ова беше и „генерална проба“ за младинките пред настапот на Европското првенство во Црна Гора, а првиот меч младинките ќе го играат против Унгарија вечерва со почеток од 19:30часот.

Во составот на селекторот Симе Симовски се и три девојки од Прилеп. Боите на Македонија ќе ги бранат Исидора Котевска, Андреа Конеска и Ања Лашкоска.

Станува збор за врвни таленти на кои треба да им посакаме среќа да се претстават во што подобро светло на теренот.

Македонија е во групата А, каде освен Унгарија противници ќе ни бидат и селекциите на Полска и Чешка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.