Maкедонија стигна до третата победа во квалификациите за Европското првенство, откако вечерва на арената “Тоше Проески” ја совлада Словенија со 2:1 (0:0 на полувремето).
Со двата погодоци на нашиот бисер Елиф Елмас во 50-та и 68-та минута, Македонија стигна до 3 бода вредни планина и се искачи на третото место од табелата.
Македонија ја контролираше играта потполно во сите 90 минути, а Словенија првите посериозни шанси за погодок ги имаше дури во последите 5 минути во натпреварот, по што следуваше и досудениот пенал во 95-та минута, кој го реализираше најдобриот поединец на Словенија, Јосип Иличиќ.
Наредниот натпревар за нашите репрезентативци е против Полска на гости во Варшава, кој ќе се одигра во недела со почеток од 20:45 часот.