Три компании, кои ги продаваат автомобилите на „Фолксваген“ во САД, поднесоа тужба во Окружниот суд во Чикаго.
Тие тврдат дека автомобилскиот концер ги измамил, инсталирајќи направа во автомобилите со дизел мотори, која ги манипулира податоците за издувните гасови.
Компаниите тврдат дека овие активности на „Фолксваген“ довеле до „погубен удар на нивната заработувачка“ и пад на вредноста на нивните франшизи. Тие додаваат дека имаат складирано голем број дизел автомобили, кои не можат да ги продадат.