Националните федерации на репрезентации кои ќе учествуваат на Европското фудбалско првенство во Франција (ЕУРО 2016), ќе поделат 301 милион евра, што е за 35 отсто повеќе во однос на минатото ЕП.
Секоја од 24-те репрезентации кои обезбедија пласман на ЕП само за учество ќе заработи осум милиони евра.
Еден милион евра е дополнителна мотивација за секоја победа, додека за нерешен резултат секоја селекција ќе освои по 500.000 евра.
Пласманот во осминафиналето ќе биде награден со дополнителни 1,5 милиони евра, а 2,5 милиони евра ќе носи учеството во четвртфиналето. Полуфиналистите ќе заработат по четири милиони евра.
Победникот покрај приматот европски шампион, дополнително ќе заработи осум милиони евра, а поразениот во финалето ќе биде награден со три милион евра.
Европското првенство во Франција ќе се игра еден месец, а ќе започне на 10 јуни.