“Тризла слушна за поткупот од 13.000 евра и им кажа “НЕ” на СДСМ?”

Пред неколку дена на социјалните мрежи се прошири видео на кое се слуша како наводно членови на СДСМ од Прилеп делеле брашно, шеќер, масло… на ромското население во градот за да гласаат за СДСМ и Зоран Заев. Во видеото се спомнуваат и големи парични суми од 13.000 евра, 5.000 евра, 200.000 денари….

Само два дена откако во јавноста излезе оваа видео снимка, карванот на СДСМ предводен од кандидатот за пратеник, Миле Талевски и градоначалникот, Илија Јованоски, беше во населбата Тризла.

Од она што може да се забележи на фотографиите објавени на социјалните мрежи, многу мал број граѓани се појавиле на средбите со првите луѓе на СДСМ.

Поради тоа се поставува прашањето: Дали откако Тризла слушна за наводниот поткуп на гласови му кажа “Не” на СДСМ?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.