Поројниот дожд кој попладневно го зафати Прилеп предизвика големи проблеми во градот под Марковите Кули.
Невремето кое траеше 20тина минути целосно поплавило одредени делови од градот, а според фотографиите кои ги добивме од наши читатели се чини најлошо поминале граѓаните на населбата “Тризла”.
Наноси од земја и песок целосно ги блокирале улиците во оваа прилепска населба, а големото количество вода предизвикало на места поплави.