Тренерот на ЏК “Гладијатор” Драган Шеќероски се закити со будо пасош за џудо и е избран за претседател на традиционалното џудо во Македонија

На 09.04.2022г. во Софија се одржа меѓународен натпревар во традиционално Џудо каде членовите на ЏК “Гладијатор” Кочани настапија со 3 натпреварувачи и се закитија со три места и тоа: Христијан Павлов 1 место, Дамјан Крстов 2 место, Ненад Максимов 3 место.

Исто така Дамјан Крстов беше прогласен за најдобар техничар на турнирот. Покрај овој настан, членовите на “Гладијатор” зедоа учество на семинар за бразилско џиу џицу, каде се закитија со сертификати. Меѓу другото судија беше и тренерот на “Гладијатор”, Драган Шеќероски од Прилеп.

Од страна на Меѓународната заедница на Шеќероски му беше врачен будо пасош и сертификат со кој е назначен за претседател на традиционалното џудо во Македонија. Исто така Шеќорски беше назначен и за претседатл за работа со луѓе со посебни потреби и оштетување на слухот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.