Париското издание на магазинот “Вог” донесува преглед на фризурите кои според нивното мислење и според виденото на ревиите за есен/зима 2018, ќе доминираат во оваа сезона.
1.Висока пунџа
Така наречената “топ кнот” пунџа оваа есен се враќа во неуредно издание што значително го олеснува нејзиното правање.
2.Лежерни бранови
Овој изглед ви е познат како изглед на косата после будење. Токму тој лежерен ефект е посакуван во сезоната есен-зима, без оглед на тоа дали имате кратка или долга коса.
3.Враќање на стилот од 60-тите
Ако мислевте дека фен-фризурите со волумен нема никогаш повеќе да се вратат во мода, сте погрешиле.
4.Фризури со украси инспирирани од 90-тите
Добрите стари 60-ти не се единствената деценија која ќе ги инспирира дизајнерите оваа сезона. На ревиите се појавуваат и познатите “цик-цак” рајфови впечатливи за 90-тите години.
5.Aсиметрија и траки, како омаж кон фризурите од 80-тите
Ниту една модна недела не поминува без обетки, додатоци, чевли и фризури настанати под влијание на стилски најлудиот моден период. Во престојната сеозна тој се гледа во асиметричното потстрижување и украсите од големи траки.