ТРГУВАЊЕ СО НЕСРЕЌА: Ова се цените на човечките органи на црниот пазар

IMG_1431941624-696x464

Најчесто се работи за тргување со органи како што се: бубрези и црни дробови, а според податоците на УН, таквата продажба се одвива во три категории.

На светот повеќе од милион луѓе се наоѓаат на листите за чекање за трансплатација на ограни, а очигледно е дека потрагата по здрави органи е се поголема.

Сиромаштијата во светот е таа која ги тера многу луѓе да ги ризикуваат своите животи и здравје, па со цел да заработат пари ги продаваат своите ограни, но понекогаш се и присилени на тоа.

Најчесто се тргува со бубрези и црни дробови. Според УН, таквата продажба се одвива во три категории. Во првата спаѓа криминалната трговија, во која продавачите ги лажат или ги присилуваат жртвите да се откажат од своите органи.

Во втората фаза тие се согласуваат, но се измамени, бидејќи или нема да им биде платено, или ќе им биде платено минимално, додека во третата фаза ранливите категории, како што се бездомниците, мигрантите или неедуцираните, на кои органите им ги одземаат насилно, со закани, дури и без нивно знаење, со киндапирање и успивање.

Цената на човечките органи за црниот пазар се следниве:

600.000 евра за здраво срце, 300.000 евра за две белодробни крила, 150.000 евра за црн дроб, 150.000 евра за двата бубрега, 30.000 евра за кожа, 7.000 евра за коски, 6.000 евра за лигаменти и зглобови




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.