Трајанов: Hapoдот не може толку да создаде, колку што влacта може да yкpaде

На скала на 1 до 10, чидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов на Македонија и дава чиста десетка по корумпираност.

Значи 10, има чиста десетка. Имаме силен процес кој продолжува на криминализација, криминалот во оваа држава стана вредносна категорија, а не зло со кое што треба да се справиме. Криминалот полека ја гризе и јаде државата и затоа не функционира. Сега зборуваат фондовите биле испразнети, тешко се затвораат потребните буџетски ставки… Не треба ништо друго, да имаме систем да престане да се краде од оваа држава и тогаш ќе има пари за се. Овој народ не може да создаде толку, колку што власта може да растури, да расипе или да украде. Тоа суштински проблем околу корупцијата и криминалот – вели тој во интервју за Радио Слободна Европа

Фактот дека досега ниту еден функционер на ДУИ не одговарал за ништо го коментира:

Тоа е врзано за неселективната борба против корупцијата и криминалот. Сите институции се партизирани. Во седумте институции кои се одговорни за борба против корупцијата, против тешките облици на криминал, раководат партиски луѓе. Тие не можат да започнат оперативна истрага против носител на јавна функција ако се работи за кадар на ДУИ, бидејќи таа има силен механизам да влијае на тоа дали Владата понатаму ќе опстои или не. И тука е целата работа, тука е браната, тука е влијанието на министрите, на претседателот на Владата врз овие институции, да не отворат случаи, дури и таму каде што е очигледно дека има криминал, да не отворат, да не го проверат, да не го документираат и се разбира да не се поднесе кривична пријава против некои од носителите на високи позиции ако е кадар на ДУИ.

Запрашан дали во реалноста ДУИ е газда во државата вели:

Пред година дена, после формирањето на оваа Владата, посочив дека претседателот на Владата не треба да биде сервилен спрема ДУИ. Значи, треба да се однесува како претседател на Влада, да води сметка за напите стратешки национални и државни интереси и така да се однесува и треба сите министри да си го знаат каде им е местото. Тие треба пред претседателот на Владата, условно кажано, да реферираат, да се договараат како ќе ги имплементираат програмските определби, а не ние во суштина да имаме две влади – една со која што раководи Али Ахмети и друг дел од владата со кој раководи Ковачевски…Како резултат на вака раштиман оркестар како Влада, ние имаме огромно незадоволство од граѓаните. Тие се незадоволни како и на кој начин функционира или не функционира Владата, посебно одделни министерства. Значи, главната забелешка на граѓаните е дека во државата нема ред и дека не функционираат институциите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.