Поблиску сме до предвремени парламентарни избори, отколку што овој пратенички состав има шанси да гласа за уставни измени. Дел од пратениците сметаат дека се отвора непотребна медиумска расправија меѓу најголемите партии, во услови кога сме далеку од консензус и граѓанска поддршка за ова прашање.
“Сосема е извесно дека овој пратенички состав нема да може да направи уставни измени. Треба да се размислува за отворање на дебата за одржување на предвремени парламентарни избори или како втора опција, да се направи широка влада која ќе ја решава тешката состојба во државата поврзана со енергетската и економската криза и со стабилноста на земјата поврзана со војната во Украина. Ние како ДС бараме реципроцитет – ако се вградат Бугарите во Уставот, тогаш да бидат признаени и правата на Македонците во Бугарија и тоа е нашиот услов, изјави за Сител, пратеникот од мнозинството Павле Трајанов.