При преговорите за новата Влада, Заев рече дека ќе разговара со Ахмети да го убеди дека е подобро Македонија да биде една изборна единица. Ковачевски рече дека ќе оди нашиот предлог, а сега повикува на широк консензус. Сега со најавата за работни групи јасно е дека СДСМ го блокира законот, вели Павле Трајанов лидерот на ДС по прашањето за една изборна единица.
– Едно велеа кога им требавме за формирање на новата Влада, друго сега, додаде тој.
Трајанов очекува деблокада на законот во Собранието и Комисијата за политички систем да свика седница за законот.
– Нема ни законска, ни деловничка можност да го држат законот во фиока. Иако испративме писмо до Џафери да почне расправата за законот, се` уште немаме никаков одговор. Барав средба и со Ахмети, но ни тој не одговори. Три месеци е оптимално време да се донесе промената на изборниот модел. Тие ако сакаат нека си формираат работни групи – вели Трајанов за „Слободен печат“.