Холандскиот дефанзивец е на пат да го заврши својот престој на “Паркот на принцовите”. После 4 минати години во ПСЖ, Грегори Вад дер Вил е на пат за Фенербахче.
Вториот голман на француската репрезентација, Стив Манданда, после мунијалот ќе бара нов клуб и ќе се раздели со Олимпик Марсеј. Најблиску до него е Челзи.
Касерес е во Јуве од 2011 година, но повредите никогаш не го направија првотимец. Наполи и Рома се поврзуваат со 29-годишниот играч од одбраната на Јувентус.
Се чини дека и Том Керол нема да добие нов договор во Тотенхем и е на пат да бара нов клуб за новата Премиерлигашка сезона.
Во оваа листа на слободни играчи е и Муса Дембеле. 19- годишниот напаѓач на Фулам најверојатно ќе остане во Лондон и ќе се пресели во Тотенхем.
Ибрахимович по се изгледа ќе премине како слободен играч во Манчестер Јунајтед.
Без договор останува и некогашниот легендарен голман на Барселона, а сега во тимот на Јунајтед. Виктор Валдес повторно ќе смени средина.
Листата ја завршуваме со Мигуел Велосо. На овој 30- годишен Португалец од средината на теренот, договорот му завршува во Динамо Киев и по се изгледа нема да се согласи на продолжување на истиот.
А.Г.