Кристијан Ериксен е еден од најзаслужните играчи што Тотенхем е во финалето на Лигата на шампионите. Петлите ќе имаат историска шанса во сабота против Ливерпул, и токму данецот се очекува да биде клучен човек.
И додека финалето се приближува, се повеќе и повеќе се шпекулира за судбината на овој одличен плејмејкер. Манчестер Јунајтед веќе долго време го посакуваше, и веќе не е тајна, но на “Олд Трафорд” останаа затекнати од информацијата дека Ериксен е блиску до потпис со Реал Мадрид.
Имено, очигледно е дека црвените ѓаволи ќе мора да го засилат средниот ред, но засилувањата ќе треба да ги бараат на друго место бидејќи Дон Балон тврди дека Ериксен веќе има потпишан пред-договор со Реал.
27-годишниот играч од средниот ред на Тотенхем треба да биде долгорочна замена за Лука Модриќ, а како што тврди Дон Балон, тоа и ќе биде поткрепено со шестгодишен договор на кој Ериксен најверојатно се согласил со кралевите.