Младиот 17-годишен фудбалер од Бразил, Аугусто Галван, наскоро би требало да стане дел од семејството на Реал Мадрид. Ова момче игра за Сао Паоло, но договорот му истекува на крајот од оваа година. Тој дефинитивно ќе го напушти клубот. Заинтересирани се Реал и Барселона, но изгледа дека во оваа трка победи Флорентино Перез, како што пренесува “Марка”.
Галван е средишен играч, а договор со европски клуб ќе потпише откако ќе наполни 18 години. Тоа ќе биде на 25 март следната година. Секако, нема да може да биде регистриран за Реал Мадрид се до лето, но тоа не претставува проблем да го доведат во своите редови.
Ф.Г.