Републиканскиот кандидат за претседател на САД, на собирот ги повика граѓаните да гласаат.
“Не ми е гајле колку сте болни, не ме интересира дали сте добиле најлоши вести на лекар. Нема врска, издржете до 8 ноември. Излезете и гласајте”, рече Трамп на собирот во Невада.
Покасно додаде дека се шегува и се обиде да ги утеши болните.
Трамп е познат по контроверзните изјави, а со своите говори веќе одби дел од потенцијалните гласачи. Можно е ова да било само обид да направи пресврт во изборната трка, во која, спрема последните резултати на анкетите тој губи.
МАРКУКУЛЕ.МК