По десет години во служба, лимузината на претседателот на САД, позната како Ѕверка (Тhe Beast) заминува во пензија.
На состанокот на Собранието на Обединетите нации американскиот претседател Доналд Трамп пристигна со новиот “кадилак”. Дизајнот на новата Ѕверка е сличен како и старата лимузина, но со некои нови и модерни детаљи. Автомобилот е тежок околу 8.000 килограми.
Автомобилот е висок, масивен и импозантен. Изгледа како да може да сруши зграда. Производителот гарантира дека возилото е “подвижно” и дека со него агентите лесно ќе маневрираат.